Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа девет, а повредени се 20 лица

Од:

Најмалку девет припадници на авганистанските безбедносни сили загинаа, а 20 цивили се повредени во самоубиствен бомбашки напад во источната провинција Логар.

Според портпаролот на провинциската Влада, Дино Мохамад Дарвеш загинале шест полицајци и тројца војници, а околу 20 цивили се повредени.

Тој истакна дека во нападот, кој го извршил бомбаш-самоубиец со автомобил во дистриктот Азра, биле уништени три куќи и една џамија.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но се претпоставува дека го извршиле талибанските бунтовници, кои во последно време ги интензивираа нападите против авганистанските сили и припадниците на НАТО, кои се подготвуваат да ја напуштат земјата до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски