Вакцинацијата во САД зема силен замав. Според Енди Славит, советник во Белата куќа и член на кризниот штаб за борба со Ковид-19, вчера во земјата биле вакцинирани 2,9 милиона лица.
Ове е своевиден рекорд во обидите на администрацијата на претседателот Џо Бајден да ја постигне цифрата од 100 милиони вакцинации во првите 100 денови по преземањето на функцијата на 20 јануари.
„Честитки за сите што даваат вакцини, волонтери, доктори, аптекари, курири, работници, вработени во администрацијата и војници, кои работат заедно во овој напор“, напиша Славит синоќа на Твитер.
Според него, во САД досега прва доза од вакцината примиле 23 проценти од возрасните, 59 проценти од лицата со над 65 годишна возраст и 69 отсто од лицата со над 75 години возраст.