Во САД се заканува нова бура по изборите

Од:

Еден ден по претседателските избори во САД, уште една бура би можела да предизвика проблеми на источниот брег, кој е катастрофално опустошен од Сенди, велат метеоролозите.

Тие, сепак, укажуваат на тоа дека има уште шест дена до бурата, па затоа е премногу рано за загриженост.

Можно е да се смени временската прогноза пред нејзиниот удар, кон крајот на наредната седмица, пренесува АП.

Центарот за временската прогноза при Националната метеоролошка служба, кој ги следи зимските бури, изјави дека постои можност уште една бура да ја погоди средината на Атлантикот и Нова Англија.

Метеоролог Брус Саливан тврди дека новата бура нема да биде толку катастрофална како Сенди и дека не е тропска.

Бурата би можела да донесе снег во внатрешноста на Нова Англија и во Њујорк, ерозија на плажите и силни ветрови во областите веќе погодени од силното невреме Сенди, како и умерени или силни дождови.

Ураганот Сенди, кој што оваа седмица го погоди источниот брег на САД, однесе најмалку 95 животи во САД и Канада.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД