Во САД се работи активно на вакцинација на колку е можно поголем број луѓе, со цел спречување на ширењето на коронавирусот и запирање на епидемијата.
Според сојузните Центри за контрола на болести (ЦДЦ), во земјата досега биле пуштени во промет речиси 50 милиони дози вакцини, а заклучно вчера (недела наутро) администрирани се 31,1 милион дози. Барем една доза примиле повеќе од 25 милиони луѓе, а тоа е околу 7,7 отсто од вкупнaта популација на земјата.
Се соопштува дека заклучно со вчерашниот ден 25,2 милиони луѓе примиле една доза вакцина, а 5,7 милиони примиле две дози. Станува збор за вакцини произведени од Модерна и Фајзер/БиоНТек, прецизираат од ЦДЦ. Укажуваат дека 3.7 милиони дози биле употребени во болниците каде лежат лица со тешки сипмтоми на Ковид-19.
Стратегијата за дистрибуција варира од држава во држава, и засега покрај здравствените работници и луѓето од првите борбени линии, се вакцинираат сите лица постари од 65 години, оние со хронични заболувања и учителите.
Лицата кои испратиле онлајн формулар за вакцинација се повикани со задршка од една до две недели. Ова се должи на дополнителното време за дистрибуција, откако државите ги добиваат вакцините од сојузната влада, чиј број зависи од бројот на возрасната популација во секоја држава. Испораките се прават еднаш неделно.
Заклучно 30 јануари, во САД се администрирале 1.3 милиони дози дневно, укажаа од ЦДЦ.
Претседателот Џо Бајден вети вакцинирање на 100 милиони луѓе во првите 100 денови на новата Влада, тоа значи приоритет е да се вакцинираат барем милион и пол луѓе дневно до средината на април.
Неговата администрацијата работи со двете компании за набавка на дополнителни 200 милиони дози да бидат достапни до ова лето.
Исто така, вети и отварање на нови локации за вакцинација низ целата земја, како локалните аптеки и други места поддржани од сојузната Агенција за менаџмент на вонредни состојби.
Вакцинацијата во САД сега е влезена во фаза „1б“, односно се вакцинираат лицата на возраст од над 65 години, оние со хронични заболувања, како и учителите и лицата кои работат во услужниот сектор.
Вакцинацијата засега се прави во окружните здравствени департменти, болниците, клиничките центри, а во некои градови започна масовна вакцинирација на отворено или во хангари како конвенциски центри и слично.