Во САД при контроли на аеродромите откриен рекорден број оружје

Од:

Американската управа за безбедност на сообраќајот (ТСА) откри рекорден број оружје на безбедносните контролни пунктови на аеродромите оваа година, а повеќето од нив беа наполнети.

Во соопштението, ТСА наведува дека до 16 декември нејзините службеници откриле 6.301 парче огнено оружје, од кои 88 отсто биле наполнети, објави Гардијан.

Споредено со минатата година, оваа бројка бележи зголемување за повеќе од 300 во однос на тогаш откриените 5.972 парчиња огнено оружје.

Околу 86 отсто од оружјето запленето минатата година исто така било наполнето.

Од 2010 година, бројот на огнено оружје откриено од ТСА на аеродромите постојано се зголемува, со исклучок на 2020 година, кога авио сообраќајот значително се намали поради пандемијата на коронавирус.

„Законите за поседување огнено оружје варираат во зависност од државната и локалната власт, но тоа не е дозволено во рачни торби на кој било безбедносен контролен пункт на ТСА“, се вели во соопштението.

Во обид да го намали бројот на оружје на контролните пунктови на аеродромите, ТСА ја зголеми максималната казна за носење огнено оружје од 13.910 долари на 14.950 долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи