Во САД: Полицајци се потсмеваат на девојка која нивен колега ја прегази на пешачки

Од:

Новата снимка од камерите на телото го откри скандалозниот момент кога полицаецот од Сиетл се насмеа на смртта на млада индиска студентка. Јахнави Кандула (23) загина во сообраќајна несреќа кога на 23 јануари на неа налета полициски џип додека поминуваше на обележан пешачки премин во близина на нејзиниот кампус.

Камерата го снимила моментот кога детективот Даниел Адерер, кој пристигнал на местото на несреќата, рекол дека полицијата може да „напише чек“ само откако Кандула настрадала. Адерер се насмеа и ја омаловажи смртта на девојчето додека беше на телефон со колега кој не се слуша на видеото.

– Да, само напиши чек од 11.000 долари. Таа има 26 години – изјави полицаецот.

Се слуша и како вели дека полицаецот што го управувал џипот возел со 80 километри на час.

Полицаецот кој го управувал автомобилот, Кевин Дејв, сепак возел со брзина од речиси 120 km/h во зона од 40 km/h.

Адерер е офицер за наркотици кој бил назначен да провери дали неговиот несовесен колега бил од дејство на дрога. Тој заклучил дека неговиот колега бил трезен и не користел опијати.

Полициската управа во Сиетл соопшти дека видеото на кое Адерер се насмевнува го забележал вработен за време на рутинска проверка.

Кандула во јануари преминувала раскрсница во близина на универзитетскиот кампус кога била фрлена 30 метри во воздух. Таа почина во болница еден ден подоцна.

Би можело да ве интересира

Пукање во Лас Вегас: Има мртви и ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Горан Наумовски

Ќерка на поранешен албански министер загина во Македонија

Американски воен авион падна во океанот во близина на Јапонија, во него имало осум лиц

Во верижна сообраќајка кај Крагуевац: Загина возач, осуммина повредени

Горан Наумовски

Четиригодишната Абигејл Едан, најмладата киднапирана американка е меѓу ослободените

Катерина Ѓуровски