Во САД хоспитализациите од Ковид-19 на најниско ниво досега

Од:

Во САД, хоспитализациите од Ковид-19 се наоѓаат на најниско ниво од почетокот на пандемијата досега, јавија од американското Министерство за здравство.

Заклучно денеска, од компликации поради Ковид-19 во земјата се хоспитализирани 16.138 луѓе, помалку од кога и да било откако Министерството за здравство започна да ги следи хоспитализациите во јули 2020 година. Само 2 отсто од расположливите болнички кревети моментално се заземени од пациенти со Ковид-19.

Од август 2020 година во САД имало 4.6 милиони приеми во ургентно поради Ковид-19, јавува ЦДЦ. Повеќе од третина од овие приеми се кај луѓе постари од 70 години.

Црномурестите и луѓето од Јужна Америка биле биле хоспитализирана двојно повеќе отколку белците, додека американските Индијанци биле хоспитализирани за три пати повеќе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху