Во Русија се регистрирани 98.040 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорден број осми ден по ред, додека сојот омикрон продолжува да се шири, соопшти денеска кризниот центар.
Во извештајот се наведува дека 673 лица починале од Ковид-19 во претходните 24 часа.
Вчера официјално имаше 88.816 заразени, а денешната бројка претставува голем скок.