Во последните 24 часа бројот на новозаразени со коронавирус во Русија се зголемил за 67.809, а починале 681 лице, соопшти рускиот кризен штаб.
Вчера 5.970 пациенти од 12.837 лица кои побарале болничка нега биле задржани на лекување на одделенијата за Ковид, пренесува Тасс.
Бројот на хоспитализирани, според кризниот штаб, е зголемен во повеќето руски региони. Од почетокот на епидемијата, во Русија се заразени вкупно 11.241.109 лица, од кои 327.448 починале.