Во Русија откриен споменик на Иван Грозни

Од:

Во рускиот град Орел вчера беше откриен првиот споменик на царот Иван Грозни, кој со земјата владеел во 16. век, иако на овој потег се  противеа некои историчари и локални претсавници, пренесуваат француските медиуми.

Царот Иван IV Васиљевич со Русија владеел од 1547 до 1584 година и го добил прекарот „Грозни“, пред се, заради својата брутална политика. Тој создал тајна полиција која погубила илјадници лица, наведуваат француските медиуми.

Вадим Потомски, гувернер на рускиот регион Орел, одалечен од Москва околу 335 километри, го поддржа кревањето на споменикот наведувајќи во текот на инаугурацијата дека Иван Грозни бил „бранител на нашата земја, цар кој ги проширил нејзините граници“.

Споменикот претставува бронзена фигура на царот, кој седи на коњ и во раката држи православен крст.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот