Холандската полиција соопшти дека неколку вредни слики се украдени од музејот во Ротердам. Делата од реномираните Пабло Пикасо, Анри Матис и Клод Моне се дел од 7-те слики кои се украдени од музејот.
Портпаролот на музејот во радио интервју соопшти дека украдените слики се дел од приватна колекција но не сподели повеќе детали околу настанот.