Во Романија запленет хероин од еден милион евра

Од:

Романската полиција уапси двајца мажи кои во автомобилот со кои се превезувале пренесувале хероин. Тие биле уапсени во понеделникот во романскиот округ Џурџу, соопшти денеска романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризам.

Во каросеријата на автомобилот биле скриени 44 пакети со различна форма, кои содржеле вкупно 17,6 килограми хероин.

Вредноста на наркотикот на пазарот е околу еден милион евра, објави весникот „Романија либера“.

Би можело да ве интересира

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија