Во Романија се продавало замрзнато месо старо 40 години

Од:

Месо замрзнато пред 40 години, најверојатно од државните резерви, било понудено на продажба во две продавници на централниот градски пазар во романскиот црноморски град Костанца, објави денеска весникот „Путерја“.

За среќа ниту еден купувач не купил оф месото, нагласува весникот.

Локалните власти зеле примероците од месото и утврдиле дека тоа било замрзнато на почетокот на 80-те години на минатиот век.

Целото количество на месо е конфискувано и ќе биде уништено.

Сопственикот на продавниците е уапсен, а властите испитуваат како месото, кое најверојатно е од државните резерви, стигнало до пазарот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година