Во Романија 77 онколози обвинети за корупција

Од:

Романското Обвинителство соопшти дека против 77 лекари се подигнати обвиненија поради сомневање дека фармацевтска компанија им платила пат до Индија, а за возврат барале онколозите да препорачуваат нивни лекови за пациенти заболени од рак.

Обвинителството наведува дека таа компанија, чие име не е наведено, наводно платила на онколозите учество на конгрес за рак на дојка во Бангалоре во Индија во март 2012 година. Наместо на конгресот, лекарите биле во Њу Делхи оддалечен повеќе од 2.000 км.

Дел од лекарите биле на тоа патување со своите семејства.

Фармацевтската компанија платила 520.000 евра од кои 417.000 биле мито, тврди Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија