Во пукање на роденденска забава на тинејџер, една девојка загина, шестмина се ранети

Од:

18-годишна девојка е убиена, а шестмина се ранети во пукање на роденденска забава во Северна Калифорнија, соопшти денеска полицијата.

Пукањето се случи за време на роденденската забава на 19-годишно момче во дом во Антиохија, на околу 70 километри североисточно од Сан Франциско, а одговорните за насилството побегнаа пред да дојде полицијата и никој не беше уапсен, пренесе АП.

Се наведува дека некои од жртвите биле пренесени во локалните болници по „паниката во која луѓето бегале во повеќе насоки“.

По пукањето 18-годишната девојка била пренесена во болница, каде починала.

Меѓу ранетите гости имало четири жени на возраст од 19 и 20 години, како и двајца мажи на возраст меѓу 18 и 19 години, соопшти полицијата. Нивните повреди не биле опасни по живот.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина