Еколошката организација Гринпис во рамки на истрагата, што ја спроведе откри поврзаност меѓу голем број фабрики за облека и загаденоста на водата.
Гринпис истражи најмалку 20 светски модни брендови, тестирајќи 141 парче облека, кои ги продаваат водечките модни брендови, како што се Зара, Метерсбонви, Келвин Клајн и Левис.
Сите производи се тестирани на нонилфенол етоксилати (НПЕ), кои се штетни за хормонскиот систем, некои примероци се тестирани на фталати кои се опасни за репродуктивните органи, а некои на канцерогените амини од т.н. азо бои. Станува збор за хемикалии, кои се штетни за човековот здравје и за животната средина, пишува хрватскиот весник „Нови лист“.
Тестирањето покажало дека некои производи од познатите марки содржеле опасни хемикалии. Две третини од 141 примерок содржеле НПЕ, четири примероци содржеле високи дози на фталати, траги на канцерогените амини, кои настануваа со користење на азо боите се пронајдени во два производи на Зара.
Гринпис потоа побарал од тие компании да не ги третираат ткаеинините со опасни хемикалии. Најдобар начин тоа да се направи е нивна замена со други алтернативи, порачаа активистите на Гринпис и побараа компаниите да бидат транспарентни и да објаватат, што нивните доставувачи испуштаат во животната средина од своите фабрики.
Седум гооеми светски брендови, Пума, Најк, Адидад, ХиМ (H&M), МиС (M&S), ЦиА (C&A) и Ли-Нинг одлучија еколошки да го унапредат начинот на производство на облеката, бидејќи тоа од нив го побарале потрошувачите и еколошките активисти, тврди Гринпис.
Но компаниите, како Зара ги игнорираат апелите за промени, предупредува Гринпис. – Да ја повикаме Зара на детоксикација на модата. Не сакаме опасни хемикалии во нашата облека, ниту во нашите реки, порачаа еколошките активисти.