Штрајкот на работниците од метрото предизвика хаос во бразилскиот град Сао Паоло, само неколку дена пред почетокот на Светското фубалско првенство.
Фудбалските фанови кои пристигнуваат во градот, беа пресретнати од големи блокади на транспортот и протести во кои полицијата употреби солзавец против штрајкувачите.
Штрајкот на работниците во метрото продолжи шести ден по ред, откако локалните власти и синдикалните лидери, не успеаја да постигнат договор на синоќешната средба.
Протестите уште повеќе ги засилуваат стравувањата дали бразилската Влада е во состојба да се справи со уличните демонстрции и другите штрајкови и да не дозволи овие случувања да предизвикаат проблеми во одржувањето на Мундијалот, што почнува в четврток со натпреварот меѓу Бразил и Хрватска.
Сао Паоло, кој е финансиската престолнина на Бразил, ќе биде домаќин на уште пет натпревари, вклучувајќи еден полуфинален меч.