Најмалку 600 дрвени куќи се уништени во пожар во градот Манаус во бразилската сојузна држава Амазонас.
Според локaлните власти, при пожарот се повредени најмалку 17 лици, но засега нема информации за загинати.
Раководителот на Службата за јавна безбедност на Манаус, Амадеу Соареш изјави дека пожарот највројатно бил предизвикан од експлозија на експрес лонец.
На пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот.
Според локалната Служба за цивилна заштита, ова претставува најголем пожар во историјата на Манаус.