Во последните 24 часа во Газа загинаа повеќе од 20 лица

Од:

Палестинските лекари во Појасот Газа денеска соопштија дека повеќе од 20 лица загинале во израелските воздушни напади извршени во последните 24 часа врз окупираната палестинска енклава.

Еден од нападите извршен во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот беше насочен кон камп во областа Муваси, хуманитарна зона прогласена од Израел, каде што загинаа осум лица, вклучително и две деца, соопшти болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Болничката евиденција покажува дека уште шест лица загинале во напад на конвој со хуманитарна помош, две лица загинале во напад на автомобил во Муваси, а едно лице е убиено во одделен напад во областа.

Би можело да ве интересира

Хамас ги отфрла идеите на Трамп за раселување на Палестинците од Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Горан Наумовски

Трамп: САД сакаат да го заземат Појасот Газа

Хамас: Почнуваат нови преговори за ставање крај на војната во Газа