Португалија за еден ден регистрира помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот, што е најмал дневен број од октомври.
Карантинот, кој почна на 15 јануари, донесе „значителен пад“ на бројот на нови случаи, изјави Андре Пералта Сантос, висок португалски здравствен службеник, а во земјата денеска се пријавени помалку од 600 нови случаи на Ковид-19.
Во претходните 14 дена, бројот на пациенти на 100.000 жители падна на 322, додека на крајот на јануари беше 1.628.
Бројот Р, што означува колку едно лице го пренесува вирусот на други, падна на 0,67, што е најниска стапка на инфекција од почетокот на пандемијата и најниска во Европа, рече Балтазар Нунес од државната лабораторија ИНСА.
Тековниот карантин истекува на 1 март, но се очекува да биде продолжен.