Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Од:

Американски федерални агенти заплениле кокаин вреден 33 милиони долари од брод кој се обидел да ја прошверцува дрогата на малиот остров Виекес во Порторико, соопштија локалните власти.

Повеќе од 1.670 килограми кокаин биле запленети во средата откако непознати лица го истовариле товарот од брод и побегнале од областа, соопшти Царината и граничната заштита на САД.

Островот Виекес се наоѓа источно од Порторико и е популарна туристичка дестинација.

Би можело да ве интересира

Снема струја во Порторико

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Истрага против дилер на кокаин во Штип

Познат белгиски фудбалер е уапсен за шверц на кокаин од Јужна Америка

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он