Во изминатите 24 часа во Полска се регистрирани 5.300 новозаразени луѓе со Ковид-19.
Тоа е рекордна бројка на дневно ниво, а Владата воведе нови рестриктивни мерки, меѓу кои и задолжително носење на заштитни маски.
Досега во Полска потврдени се вкупно 121.638 инфицирани луѓе и 2.972 смртни случаи.