Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ

Од:

За последните 24 часа во Полска од хипотермија починаа шест лица, со што бројот на жртви од студ од ноември се искачи на 71, соопштија полските власти.

Полската полиција апелира населението да им помогне на најзагрозените, посебно на бездомниците, бидејќи температурата се спушти на минус 20 степени Целзиусови.

Ширум Полска објавен е аларм на смог, а на децата и на повозрасните лица им се препорачува да останат дома. Поради греење на јаглен, загадувањето на воздухот е на највисоко ниво во последните неколку години.

За време на викендот во Европа од студ починаа најмалку 40 лица.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата