Во Париз украден накит вреден милион евра

Од:

Во Париз утринава е извршен напад врз необележено возило што превезувало накит, при што е украден накит во вредност од милион евра, објави радио станицата „Европа 1“ .

Станува збор за накит на златарницата Van Cleef and Arpels што бил наменет за снимање во едно фото студиo, пренесоа француските медиуми.

Кога двeте лица кои го извршувале транспортот на накитот излегле од автомобилот „форд“ за да го однесат накитот во фото студиото, лица кои пешки дошле со маски на лицата врз нив извршиле брз напад и тоа пред неколку очевидци.

Тројцата напаѓачи ги собориле на земја двете лица од возилото и им го одзеле накитот, а потоа побегнале со скутер.

Засега се укажува на тоа дека станува збор за добро информирани разбојници, а фактот дека возилото со кое бил пренесуван накитот не било обележано, наведува на заклучокот дека крадците детално се подготвиле за нападот.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина