Околу два тони кокаин се запленети на север на Парагвај, во близина на границата со Бразил, соопштуваат официјални лица во Асунсион.
Специјални агенти за борба против трговија со дрога во две одвоени акции запленија 1.800 килограми кокаин и приведоа пет лица.
Во првата рација, на еден ранч во сојузната држава Президент Хејс, откриен е еден тон кокаин, додека останатите 800 килограми се запленети во сојузната држава Консепсион.
Приведените лица се државјани на Парагвај, а дрогата како и до сега во Парагвај е донесена од Боливија и Перу.
Елена Георгиевска