Кандидатот за претседател во Парагвај, Лино Овиедо, загина во хеликоптерска несреќа, пренесува агенцијата „Франс прес“. Несреќата се случила во саботата вечерта, кога Овиедо се враќал во главниот град Асунсион, по митингот што се одржал во градот Консепсион.
Во хеликоптерот биле двајцата негови телохранители и пилотот, кои исто така загинале во падот.
Во Парагвај претседателските избори се закажани за април. Во моментов, земјата ја управува потпретседателот Федерико Франко, бидејќи во јуни минатата година беше објавен импичмент на поранешниот претседател, Фернандо Луго.
Причината за тоа беше несоодветното однесување на претседателот во конфликтот меѓу безимотните селани и полицијата, што резултираше со многу човечки жртви.