Во Парагвај евакуирани 300.000 луѓе поради поплавите

Од:

Поради поплавите предизвикани од обилните дождови бројот на евакуирани луѓе се искачи на 300.000, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за заштита на децата (УНИЦЕФ).

Чамците се единственото превозно средство во најголемиот дел на главниот град на Уругвај, Асунсион, посебно во населбите долж реката Парагвај, каде воглавно живеат сиромашни семејства.

УНИЦЕФ укажува на здраствените и безбедносните проблеми кои се закануваат на евакуираното население, а посебно на околи 180.000 деца, кои се сместени во привремени кампови. Поради тоа УНИЦЕФ подготвува итен план за помош на евакуираните, кој ќе биде готов на почетокот од идната недела.

Во Санта Ана, дел од Асунсион, водата достигна до покривите на куќите. Поради обилните дождови вчера нивото на реката Парагвај достигна 6,98 метри на влезот од Асунсион.

Метеоролозите прогнозираат дека дождот интензивно ќе паѓа неколку денови.

Националниот секретаријат на Парагвај за вонредни ситуации соопшти дека Владата досега издвоила над три милиони долари за храна за семејствата погодени од поплавите.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска