Во Пакистан осуден христијанин на доживотен затвор поради богохулење

Од:

Христијанско момче е осудено во Пакистан на доживотен затвор поради испраќање на „богохулни СМС пораки“.

Осудениот Саџад Масих треба да плати и 200.000 пакистански рупии (2.000 долари). Пресудата е изречена од судот во источната провинција Пенџаб во саботата, но е објавена денеска.

Пресудата е обжалена од Обвинителството, кое бара смртна казна, како и од одбараната на Масих, која се надева на нов судски процес.

Масих беше уапсен во 2011 година за испраќање на СМС пораки до муслимански свештеници. Пораките содржеле коментари и навреди за пророкот Мухамед.

Тоа е прв случај на судски процес во Пакистан по обвинение за богохулење преку мобилен телефон или интернет.

Законот против богохулење е усвоен во 80-тите години на 20 век, кога на власт беше генерал Зија ул Хак. Законот е критикуван од организациите за заштта на човековите права, кои тврдат дека претставува инструмент насочен против религиозните малцинства.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица