Во повеќе пакистански градови денеска по повод Меѓународниот ден на жената б еа организирани мирни протести.
Маршеви беа организирани во Исламабад, во Карачи и во Лахоре.
Во пакистанското конзервативно и патријархално општество, маршовите на 8 март не беа добро прифатени од првиот митинг во 2018 година. Годинава протестите поминаа мирно, иако некои исламистички движења однапред ги осудија учесниците на митингот.
Во Пакистан жените се убиваат со огнено оружје, со нож, се задушуваат, се каменуваат и се палат доколку ја „оцрнат честа“ на семејството. Конзервативците ги обвинуваат нивните бранители за промовирање на западниот либерализам и непочитување на верските и културните традиции.
Во градовите каде се одржаа маршеви за правата на жените беа одржани и контра протести од конзервативните верски групи под мотото „Прошетка за хиџаб“, барајќи зачувување на исламските вредности.
Извор: МИА