Во оглас си го пронашла детето понудено за продажба

Од:

Канаѓанка која не сакала да се открие нејзиниот идентитет јавно, пријавила во локалната полиција дека сурфајќи на интернет пронашла оглас во кој незиното дете се продавало.

Од детето имало поставено слика, што таа ја поставила на социјалната мрежа „фејсбук“ и токму таа слика била искористена како еден вид на реклама за продажба на детето.

Полицијата интервенирала да се тргне објавата од интернет и веќе трага по осомничениот.

„За мене ова е некоја измама или лошо смислена шега“, изјави шефот на полицијата, Стив Перет. Тој додаде дека на истата таа страна имало и понуда за продажба на мртов пес.

„За жал луѓето на интернет откриваат премногу свои лични податоци што можат да бидат злоупотребени“, заклучи полицаецот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка