Во офанзива на армијата на Нигер убиени над 100 борци на исламистичките милиции

Од:

Војниците на армијата на Нигер убиле повеќе од 100 исламистички борци во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти војската, пренесе ДПА.

Операцијата е одговор за смртта на 19 војници од рацете на џихадистите во северозападниот регион Тороди, кон крајот на јули, се наведува во соопштението на армијата на Нигер објавено доцна синоќа.

ДПА наведува дека во офанзивата било запленето оружје, муниција и возила што им припаѓале на милитантите

Во Нигер, Буркина Фасо и земјите од регионот Сахел се активни неколку вооружени групи, а засега не е јасно која група е цел на офанзивата.

Некои од овие групи се имаат заколнато на верност кон терористичката мрежа Ал Каеда или Исламската држава.

Во Нигер, држава со околу 23 милиони жители, нападите на џихадистите се редовна појава, особено во регионите што се граничат со Мали.

Владата има многу мала контрола врз пустинските пространства, надвор од градовите и главниот град Ниамеј.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“