Во Нов Зеланд јуни годинава беше најтоплиот во последните 110 години

Од:

Во Нов Зеланд јуни годинава беше најтоплиот од почетокот на мерењето на температурата во земјата пред 110 години, покажуваат официјалните податоци за климата.

Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата, просечната температура во јуни беше за два степени Целзиусови повисока од вообичаената, а 24 локации низ целата земја забележаа рекордно максимални температури.

Просечната температура во јуни беше 10,6 степени Целзиусови, што е за два степени потопло од 30-годишниот просек за јуни и за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд од 2003 и 2014 година. Поради тоа овој јуни во Нов Зеланд беше најтопол откако Институтот започна со мерење на температурите во 1909 година.

– Голем број фактори доведоа до новиот рекорд, вклучително и честите ветрови кои доаѓаат од потоплиот север, како и невообичаено високите температури на водата во океаните, изјави климатскиот експерт Грегор Макара.

Според него, просечната температура на Нов Зеланд е зголемена за околу еден степен во изминатите 100 години. Тој смета дека може да се очекуваат подоцнежни и поблаги зими доколку тој тренд продолжи.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите