Во Норвешка во тек се преговори меѓу претставници на власта и опозицијата во Венецуела

Од:

Во Норвешка во тек се преговори меѓу венецуелската Влада и опозицијата, потврди денеска венецуелскиот амбасадор во ОН Хорхе Валеро. Средбата се одржува со цел да се изнајде решение за кризата по неуспешниот бунт против претседателот Николас Мадуро.

– Да, се водат разговори меѓу владата и демократскиот дел на опозицијата…венецуелската Влада сака дијалог, истакна Валеро, одговарајќи на новинарско прашање. Валеро го осуди мешањето на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зајакна санкциите против венецуелската влада и отворено застана зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател. Валеро го нарече Трамп воен злосторник.

– За жал, постои и опозиција која поттикнува на војна, терористичка и фашистичка…марионета на американското царство, истакна Валеро.

Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека не ги коментира можните улоги во потенцијалните мировни преговори или оние кои се во тек.

– Норвешка со голема загриженост ја следи ситуацијата во Венецуела. Силно ги охрабруваме страните да најдат политичко и мирно решение за да се избегне натамошна ескалација, соопшти портпаролката на норвешкото МНР.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро