Вредноста на норвешкиот државен нафтен фонд, кој е познат како највисок во светот, во последните три години речиси двојно е зголемен, поради што сега сите 5,2 милиони граѓани на Норвешка се милионери (во домашната валута, круна, за едно евро можете да добиете 8,6 круни), барем на хартија.
Според соопштението на норвешката Централна банка овој инвестициски фонд, кој е сопственик на акции, имот и обврзници, минатата година од своите инвестиции ширум светот успеал да оствари стапка на профит од 7,6 проценти.
Благодарение на тоа во неговата каса на крајот на годината се нашле 745,1 милијарди евра, додека на крајот од 2011 година, вредноста на фондот изнесувала 433 милијарди евра.
Инаку како што пренесуваат медиумите, со цел да ги плати трошоците во иднина, Норвешка традиционално го тргна на страна целокупниот приход кој го остваруваат државните нафтени компании, додека владата од тој фонд годишно може да повлече само до 4 проценти.
-Мора да бидеме подготвени на заработувачки кои нема да бидат толку високи во иднина – изјави гувернерот на Централната банка на Норвешка, Уистејн Улсен.
Е.Г.