Судскиот процес против американскиот филмски продуцент Харви Вајнстин, обвинет за сексуално злоставување и напади почна денеска во Њујорк.
Вајнстин дојде на суд навреме, а првиот ден од судењето обично е посветен на технички работи. Петнаесетина жени се собраа пред судницата во Менхетен, вклучувајќи ја и американската актерка Розана Аркет, која тврди дека Вајнстин сексуално ја нападнал.
Скандалот избувна на почетокот на октомври 2017 година кога Њујорк Тајмс првпат ги спомна обвинувањата на сметката на Вајнстин. Подоцна, околу 80 жени, меѓу кои и актерките Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли и Леа Сејду, го обвинија холивудскиот продуцент за сексуално вознемирување и злоставување.
Судскиот процес против Вајнстин (67), кој рече дека ќе се докаже дека не е виновен, треба да трае шест недели.
Тој се брани од слобода и е обвинет за силување, сексуално вознемирување и злоставување.