Во Нигерија запленети 1,8 тони кокаин, петмина уапсени

Од:

Нигериската агенција за борба против дрога заплени рекордни 1,8 тони кокаин со проценета улична вредност од 278 милиони долари од магацин во Лагос, што се смета за најголема заплена во земјата досега.

Пет лица, управител на магацин и четворица наркобосови, меѓу кои и еден од Јамајка, се уапсени поради поврзаност со дрога, соопшти Националната агенција за борба против дрога.

Како што е наведено, осомничените се членови на меѓународен картел кои биле следени од 2018 година.

Агенцијата соопшти дека дрогата била пронајден во изолиран имот во Лагос во неделата во време кога „картелот се обидувал да ја продаде на купувачи во Европа, Азија и други делови од светот“.

Дрогата била чувана во 10 патни торби и 13 тапани, соопшти агенцијата заедно со објавена фотографија на осомничените и дрогата.

Агенцијата соопшти дека апсењата и заплените биле „историски удар за нарко-картелите и силно предупредување дека сите ќе паднат ако не сфатат дека играта се променила“.

Бројот на заплени на дрога во Западна Африка се зголеми минатата година, што покажува дека шверцерите на дрога го претворија континентот во центар за пренесување на нивните нелегални производи меѓу Јужна Америка и Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи