Во Нигерија во самоубиствен напад девојче уби 16 лица

Од:

Девојче бомбаш-самоубиец вчера во северна Нигерија уби 16 лица, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

– Атентаторот самоубиец, девојче на 12-годишна возраст, ја активира бомбата на пазарот во селото Вагир, во државата Јобе, изјави општински претставник.

Девојчето на пазарот пристигнало со мотоциклот, по што пеш отишло до најголемата толпа луѓе, каде ја активирало бомбата.

Нападот се случи само еден ден откако две девојчиња извршија самоубиствени напади во друг град во североисточна Нигерија, каде убија 32 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но властите се сомневаат во исламистичката терористичка група Боко Харам, која извршуваше слични напади во регионот.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи