Во два напади во северниот дел на Нигерија убиени се седум луѓе. Полицијата претпоставува дека нападите ги извела радикалната исламистичка секта Боко Харам.
Во првиот напад извршен врз полициска станица во селото Мајха, во близина на границата со Камерун загинале еден полицаец и еден човек.
Во вториот напад, терористите влегле во селото Мусари во околината на градот Мајдугури и убиле пет лица.
Се уште никој не ја презел одговорноста за нападите.