Во Нигерија пирати нападнале турски брод, што пловел под малтешко знаме

Од:

Турски брод, што пловел под знамето на Малта, бил нападнат од пирати во Нигерија, а неговиот екипаж е киднапиран, информира турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Според информации на агенцијата Дениз, која е специјализирана за теми од бродското пловење, танкерот „М/Т Пили“ на турската компанија „Каптаноглу денизџилик“, утринава, околу 4 часот, бил нападнат од пирати во морето крај Нигерија. Киднапирани се шестмината турски морнари, вклучувајќи ги тројцата капетани на 148 метри долгиот брод.

Во соопштение на компанијата „Каптаноглу денизџилик“ се посочува дека грабнатите турски морнари се добри, а министерствата за надворешни работи и за транспорт, морепловство и информации, како и други институции во земјата, одржуваат контакт и јавноста ќе ја информираат за развојот на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи