Во Нигерија 20 загинати во сообраќајна несреќа

Од:

Најмалку 20 лица загинаа во судир на автобус и возило што превезувало патници во Нигерија, соопштија денеска локалните власти и полицијата.

„- Дваесет луѓе загинаа, а нивните тела се целосно изгорени, изјави неименуван локален функционер.

Несреќата се случила вчера, во областа Ибарапа. Дошло до верижен судир меѓу автобус и возило со патници, при што се запалил.

Локалните власти соопштија дека до судирот дошло поради брзо и невнимателно возење.

Полицијата потврди дека бројот на загинати е 20.

Во Нигерија, најнаселената земја во Африка со околу 210 милиони жители, често се случуваат сообраќајни несреќи. Во јули 30 лица загинаа во северозападниот дел на земјата во судир на два автобуси и автомобил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот

Македонски камионџија се судри со автомобил во Албанија, има жртви

Предраг Петровиќ