Во Нигер во јули биле киднапирани најмалку 66 лица

Од:

Најмалку 66 цивили биле киднапирани во јули во југоисточниот дел на Нигер во близина на границата со Нигерија каде е активна џихадистичката група Боко харам, соопштија извори на ОН.

Според истите извори, од 66-те лица, 44 жени биле киднапирани само во јули.

ОН на почетокот на август соопштија дека 179 лица се киднапирани од јануари и оти киднаперите се вооружени групи активни во Нигер, меѓу кои е и Боко харам.

Локалните власти изразија уверување дека киднаперите се претежно припадници на Боко харам затоа што групата вообичаено бара пари поради тоа што е финансиски ослабена откако беа воведени построги безбедносни мерки со цел искоренување на џихадистите.

Властите додадоа дека многу цивили биле киднапирани и од локални банди кои немаат врска со Боко харам, но ги имитираат активностите на групата.

Некои лица биле ослободени откако бил исплатен откуп од околу 1.500 евра по човек.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“