Во Нигер разбиена мрежа криумчари со бебиња

Од:

Полицијата на Нигер отрки и растури синџир од криумчари со бебиња, а во акцијата се уапсени супругите на двајца истакнати политичари во земјата, соопшти денеска официјален претставник на властите.

Повикувајќи се на неименувани полициски извори, француските медиуми пренесоа дека во понеделникот, во рамки на меѓународна истрага, уапсени се повеќе од 20 лица. Во истрагата учестувале полициите на Нигер, Бенин и Нигерија.

Меѓу уапсените најмногу се жени, меѓу кои и супругите на поранешниот премиер на Нигер и сегашен претседател на собранието Хама Амадуа, кој важи за главен противкандидат на претседателот Махамад Исуф на следните избори, што најверојатно ќе се оддржат во 2016 година.

Како што соопшти полицијата, во акцијата е уапсена и сопругата на министерот за земјоделие.

Правосудни извори наведуваат дека против 18 лица е покренато обвинение, а дека 13 се ослободени од прогон.

Постојат сомненија дека бебињата биле криумчарени во Нигер од Нигерија, преку Бенин.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“