Најмалку 54 луѓе ги загубија животите во поплави во Нигер и околу 200.000 се раселени.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи соопшти дека најмногу жртви се регистрирани во главниот град на Нигер, Ниамеј и оти 11.000 домови се уништени.
Се очекува долг процес за обнова од поплавите, а властите се обидуваат да уништат легла на комарци за да спречат ширење маларија, наведе Канцеларијата на ОН.