Египетскиот министер за транспорт Рашад ал Метин и директорот на Управата на железницата поднесоа оставки пред претседателот Мохамед Морси, откако денеска во судар на воз со автобус денеска 47 деца.
Во автобусот патувале 60 деца на возраст од четири до шест години од градинка, кои оделе на организирана екскурзија. Бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи многу деца се повредени, соопштија полициски извори.
– Ни рекоа дека рампата била крената кога автобусот ја минувал пругата и возот удрил во нив, изјави лекарот Мохамед Самир.
Автобусот бил удрил од воз во градот Малафут, на 350 километри јужно од Каиро.
Претседателот Морси им нареди на премиерот, на министрите за одбрана и за здравство и на гувернерот на провинцијата Асјутт да пружат секаква помош на семејствата на жртвите.