Непал го погоди земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.
Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри, а освен во Непал, се почувствувал и на северот на Индија.
Земјотресот го почувствувале и граѓаните на главниот град на Индија, Њу Делхи.
„Мебелот се тресеше, траеше околу 30 секунди“, напиша еден жител на Делхи на страницата EMSC.