Полицијата на Непал приведе 122 кинески граѓани во рамки на операција против криминал извршен од странци кои се во државата со туристички визи.
Шефот на полицијата во Катманду изјави дека 122 Кинези – мажи и жени се приведени во операцијата извршена синоќа по дојава за вмешаност во криминални активности.
Тие се осомничени за кибер-криминал и хакирање банкомати во Непал.