Во нападите врз трите воени бази во Бурунди загинале 87 лица, соопшти армијата

Од:

Претставник на армијата на Бурунди попладнево информира дека  во трите вчерашни напади врз воените објекти во близина на главниот град Бужумбура биле убиени 87 лица, пренесоа американските медиуми.

Меѓу убиените има осум лица од безбедносните сили, а во борбите се ранети уште 21 војник. Уапсени се 45 лица, припадници на непознатата група која ги извршила нападите.

Жителите на главниот град Бужумбура изјавуваат дека силите за безбедност ги претресувале куќите, од нив насила ги ваделе луѓето и ги застрелувале, а некои од убиените биле со врзани раце на грбот.

Портпаролот на армијата полковникот Гаспар Баратуза вчера информира дека армијата на Бурунди ги одбила нападите врз трите воени бази, извршени од група вооружени мажи, кои имале за цел да украдат оружје и да ослободат затвореници.

Насилството во Бурунди се поврзува со незадоволството од спорниот трет мандат на претседателот Пјер Нкурунзиза, кој според многумина Бурундијци и меѓународната заедница е неуставен.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он