Во нападите на израелските сили утринава низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица, а повеќе од 60 се ранети, јавија денеска арапските медиуми.
Израелските сили (ИДФ) извршија напади врз станбени згради во Беит Лахија, Нусејрат, Буреи и Џабалија, соопшти канцеларијата за медиуми на окупираната палестинска енклава, пренесува Ал Џезира.
„Окупаторската армија знаеше дека десетици раселени цивили, од кои повеќето деца и жени, живеат во овие куќи и станбени згради“, се вели во соопштението.