Најмалку 33 лица загинаа денеска во сириската провинција Рака при напад извршен од страна на коалицијата предводена од САД врз едно училиште, кое се користело како центар за раселени, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.
– Засега можеме да потврдиме дека се убиени 33 лица, бегалци од Рака, Алепо и Хомс, се наведува во соопштението на Сирискиот центар.
Нападот е извршен јужно од градот Ал Мансура, во провинцијата Рака, кој е под контрола на џихадистичкатагрупа Исламска држава.