Во напад на сириската армија утрово загинаа 62 бунтовници во близина на градот Адра, источно од Дамаск.
Сириската државна новинска агенција не јави за бројот на загинати бунтовници, но наведе дека тие биле членови на Фронтот ал Нусра и оти во нападот се запленети митралези и гранати.
Во северниот град Раки во експлозија загинаа три лица, од кои две деца, а десетина се повредени.